Skip to Content

Советување по телефон

Користење на Службата за советување по телефон со помош на преведувач од Преведувачката служба (TIS)

Службата 1800RESPECT им стои на располагање на сите луѓе во Австралија што се засегнати од сексуален напад и од домашно и семејно насилство.  Квалификуваните и искусни советници нудат советување, информации и помош за пристап до други служби и услуги. Службата работи 24 часа дневно, седум дена неделно.

Националната телефонска преведувачка служба (Translators and Interpreters Service -TIS National) може бесплатно да ја користат сите што сакаат да се јават на 1800RESPECT. 

За да договорите преведувач:

  • Јавете се во службата 1800RESPECT на 1800 737 732 и побарајте преведувач. Советникот ќе ја договори работата, или

  • Јавете се во службатаl TIS на 131 450 и замолете ги да се јават на 1800RESPECT. 

Советување преку интернет

1800RESPECT Online советување преку интернет може да се добие само на англиски јазик. 

 

Во случај на непосредна опасност, телефонирајте на 000 и побарајте помош од полицијата.

За да направите телефонски повик во итен случај преку машина за пишување по телефон (TTY) или преку Националната служба за поврзување (National Relay Service), погледнете на Calls to emergency services