To leave this site quickly, click the Quick Exit button below. Learn more about Quick Exit button here. If you don’t want your browser history saved, please open incognito browsing mode. Learn more about incognito mode here.  In an emergency, call 000.

За планирањето на безбедноста

Планирање на безбедноста е начин да осмислите и изработите план за постапување во случај да ви биде загрозена безбедноста.

Домашно и семејно насилство: како да направите план за да се грижите за себе

Домашно и семејно насилство: како да направите план за да се грижите за себе

1800RESPECT

Домашно и семејно насилство: како да направите план за да се грижите за себе

План за безбедност може да се направи на повеќе различни начини. Планот треба да биде направен да им одговара на околностите на секој поединец и веднаш да придонесе за безбедноста. Ако се променат околностите, и планот исто така ќе се промени.

Планот може да помогне да се разгледаат и разработат можности и идеи за зголемување на безбедноста кога се случува домашно и семејно насилство. Тој исто така може да им помогне и на луѓето на кои им се случува сексуално насилство кога сторителот е некој што тие го познаваат. 

Роднините и пријателите може да играат важна улога помагајќи со поддршка и со информации. Службите за домашно и семејно насилство и службите за сексуални напади исто така се тука за да помогнат со организирање и со поддршка. Тие служби можат да ви помогнат кога ќе размислувате за расположивите можности.

Разберете што е тоа планирање на безбедноста

Можеби правите план за безбедност за себе или со роднина или пријател на кој му се случува насилство. 

План за безбедност за вас

Ако правите план за безбедност за себе, веќе имате добри сознанија што ќе помогне, а што нема да помогне. Тоа ве прави посилни. Размислете за работите што веќе помогнале, а потоа погледнете го подолниот список за проверка за да видите дали некои други можности можат да ви помогнат да изработите план на постапување заради зачувување на безбедноста.

Еве неколку важни работи што треба да ги запомните кога правите план за безбедност за себе:

  • За насилството е виновен тој што го врши насилството. Ако се обидувате да не го предизвикате насилството, тоа може да направи да се чувствувате како „да одите по јајца“, затоа што насилните луѓе честопати си бараат нови причини за да ги оправдаат своите гневни испади со кои сакаат да воспостават контрола. Зголемувањето на безбедноста не значи преземање на себе вината за насилството и за “експлодирањата“.  

  • Плановите за безбедност треба редовно да бидат приспособувани, особено кога ќе се изменат околностите, на пример, кога ќе настапи бременост, ќе се роди ново бебе, или кога ќе се измени начинот на живеење.

  • Службите за домашно и семејно насилство можат да ви дадат поддршка и да ви кажат идеи што можете да ги додадете кон оние што веќе ги имате. Погледнете овде за локалните служби [на англиски јазик], или телефонирајте во службата 1800RESPECT на 1800 737 732.

План за безбедност со роднините и пријателите

Кога правите план за безбедност со некој што доживува насилство, почнете така што прво ќе го ислушате. Жената најдобро ја знае својата ситуација. Прво ислушајте и поставувајте прашања што се случува. Тоа ќе ви помогне да ги сфатите опасностите. Дознајте што има веќе сторено за да ја зголеми безбедноста и искористете го тоа како основа за да и помогнете да размисли уште што друго би можело да ја зголеми нејзината безбедност. Подолниот список за проверка може да ви даде неколку идеи како да го изработите планот, ама тоа не значи дека сите тие идеи ќе може да се применат во дадениот случај. 

Не заборавајте дека може да има повеќе насилници и други поединечни потреби што влијаат на планот. 

Запомнете дека вашата работа не е да судите или да донесувате одлуки. „Лицето едноставно да си замине“ не е секогаш безбеден избор. Знаеме дека заминувањето е мигот на најголемата опасност по животот и по безбедноста. Соработувајте со вашата пријателка или роднина за да изготвите план што ќе биде применлив за неа.

Еве неколку важни работи што треба да ги запомните кога правите план за безбедност за пријатели и роднини:

  • Планот за безбедност може да биде составен дел од градењето на врска полна со доверба. Таа врска може да биде најважната помош за жртвата/преживеаното лице.

  • Ако се работи и за деца, можеби ќе ви помогне нашата видео-снимка Како да се зачуваат децата безбедни

  • Може да имате законска обврска за пријавување [на англиски јазик] ако постои опасност да бидат повредени деца.

  • Можеби ќе треба да користите стручни служби за да ви помогнат. Ако жената сака да користи такви служби, обратете се до стручњаци за домашно насилство, како и до служби за правна, културна и тековна поддршка. Погледнете овде за локалните служби [на англиски јазик], или телефонирајте во службата 1800RESPECT на 1800 737 732.

Список за проверка како да останете безбедни

Овој список за проверка е општ водач за работите што можете да ги направите за да помогнете да се зголеми безбедноста. Ве молиме запомнете дека планирањето на безбедноста треба да биде приспособено кон личните околности на секое поединечно лице. 

Developed with: Domestic Violence Resource Centre Victoria