Skip to Content

Македонски - Што е тоа 1800RESPECT?

Спречувањето на насилството и на малтретирањето нè засега сите нас. 1800RESPECT е национална служба за помош при сексуални напади и при домашно и семејно насилство. 1800RESPECT е за жртвите/преживеаните, роднините, пријателите и работниците што работат во оваа област. Ние нудиме советување по телефон и советување преку интернет, а нашетa веб-страница нуди информации, совети и можности за упатување до локалните служби. Пристап до сите тие работи може да добиете преку интернет или ако телефонирате на 1800 737 732.

Службата 1800RESPECT се залага да го штити правото на сите Австралијци да живеат во општество во кое нема насилство. Ако сте доживеале сексуален напад или домашно или семејно насилство, или пак сте во опасност да доживеете такво нешто, ние можеме да ви помогнеме. Исто така можеме да ви помогнеме ако давате поддршка на жртва/преживеано лице, или пак ако работите во таа дејност.

Побарајте помош

1800RESPECT има советници по телефон и преку интернет чија работа е да ви помогнат. Советниците може да помогнат со:

  • информации и поддршка,

  • упатување до служба,

  • совети и помош во врска со тоа кои чекори да ги преземете, и

  • изработка на план за безбедност.

Побарајте информации

A нашетa веб-страница на 1800RESPECT исто така има и јасни, директни информации. Тоа содржи информации што ќе ви помогнат да ги препознаете знаците на малтретирање и насилство, да направите план за безбедност и да најдете служби за поддршка. 

Информации и поддршка за роднините и пријателите

Членовите на семејството и пријателите може да ја користат службата 1800RESPECT. Ако сте загрижени за некој ваш близок, дете или колега, службата 1800RESPECT може да помогне.

Кога некој ќе ви каже дека му се случило домашно или семејно насилство или сексуален напад, тоа може длабоко да ве потресе и може нема да бидете сигурни што треба да речете или да сторите.  Службата 1800RESPECT дава информации и информативни материјали за да можат роднините и пријателите да понудат поддршка. Роднините и пријателите може да телефонираат кај советник и да разговараат за ситуацијата, да поставуваат прашања и да добијат повеќе информации. Местото на интернет има информации за служби наменети за сите лица што се соочуваат со домашно или семејно насилство или сексуален напад и има врски на интернет до најчесто поставуваните прашања и до службите во секоја држава. Исто така има информации и за тоа како да се направи план за безбедност.

Кога давате поддршка на некого, тоа може да биде потресно за вас и лошо да влијае врз вас во текот на долг временски период. Службата 1800RESPECT постои за да им даде поддршка на роднините и пријателите исто така и на жртвите/преживеаните.

Информации и поддршка за работници и професионални лица

Bo нашетa веб-страница постои посебен дел наменет за работниците и професионалните лица. Таму има информации за семејното и домашното насилство, информации за сексуалните напади, информации за законската обврска за пријавување на такви случаи и информации во врска со душевните тешкотии што произлегуваат од работењето на таквата работа.

Некои држави и територии имаат закони за задолжително пријавување на случаите на домашно и семејно насилство. Пријавувањето е задолжително во сите случаи кога сексуален напад, телесно малтретирање или запоставување им се случуваат на деца. На веб-страницата има информации што им помагаат на работниците да сфатат кога се должни да се јават во полиција или во службите за заштита на деца.

Помагањето на други луѓе може да биде благодарна работа, ама исто така може да биде и напорна. За таа работа се потребни соживување и сочувство. Работниците што работат на теренот и професионалците што редовно ги гледаат последиците од немили случаи може одвреме-навреме да бидат засегнати од она што го работат. Работниците исто така може да се јават на советодавната телефонска линија 1800RESPECT за да добијат поддршка. 

Како да стапите во контакт

До службата 1800RESPECT може да дојдете на повеќе начини. Телефонската служба ќе ја добиете на бројот 1800 737 732 (може да се добијат преведувачи). Користете го National Relay Service за други достапни служби.

За вас можеби е побезбедно советувањето преку интернет. Советодавната служба преку интернет ќе ја добиете преку почетната страница на интернет на 1800RESPECT. Советувањето преку интернет се одвива во живо. Советникот директно ќе комуницира со вас. За да ја користите службата 1800RESPECT преку интернет, исклучете го ‘popup-blocking’ во вашиот интернет пребарувач. Ќе ви треба сигурна интернет врска.

Ако претпочитате советување лице в лице место по телефон, може да го побарате тоа преку местото на интернет.

За да дојдете до местото на интернет, појдете на 1800RESPECT

 

Во случај на непосредна опасност, телефонирајте на 000 и побарајте помош од полицијата.

За да направите итен телефонски повик со помош на машина за пишување по телефон (TTY) или на Националната служба за поврзување (National Relay Service), погледнете на Calls to emergency services