To leave this site quickly, click the Quick Exit button below. Learn more about Quick Exit button here. If you don’t want your browser history saved, please open incognito browsing mode. Learn more about incognito mode here.  In an emergency, call 000.

За домашното и семејното насилство

Што е тоа домашно и семејно насилство? Ако сфатите што е домашно и семејно насилство, тоа ќе ви помогне да одговорите на него.

Домашно и семејно насилство: како да направите план за да се грижите за себе

Домашно и семејно насилство: како да направите план за да се грижите за себе

1800RESPECT

Домашно и семејно насилство: како да направите план за да се грижите за себе

Домашно и семејно насилство

Домашното и семејното насилство е вообичаен начин на малтретирање во една интимна врска или во друг вид на семејна врска, при што едно лице зазема став на надмоќ над друго лице и го заплашува. Тоа исто така е познато и како домашно насилство, семејно насилство или насилство од интимниот партнер.

Овој вид на насилство може да се случи во разновидни меѓучовечки врски, на пример: меѓу сопруг и сопруга или девојка и момче; меѓу возрасни лица и деца или меѓу возрасни лица и нивните постари родители; или меѓу членови на поширокото семејство, како што се тетки, чичковци, вујковци, баби и дедовци; или меѓу луѓе што живеат заедно во врска што не е заснована на секс.

За него често се зборува како за вообичаен начин на присилување и контрола. Насилниците понекогаш се нарекуваат „вршители на насилство“.

Домашното и семејното насилство не престанува со завршувањето на врската, па според тоа исто така може да се случи и меѓу поранешни партнери.

Насилниците користат многу начини за да ги задржат надмоќта и контролата, како што се:

  • Телесни напади, на пример, давење, тепање, туркање и закани дека ќе повредат некое лице.

  • Чинови на сексуално насилство, принудување на секс или принудување на некое лице да врши сексуални чинови што не сака да ги врши.

  • Душевно малтретирање, нарекување со разни погрдни имиња и омаловажување, непочитување.

  • Отсекување од поддршката, од роднините и од пријателите, или користење на роднините и на заедницата за заплашување. Тука може да спаѓа и праќање разни текстови или објавување на разни содржини на Facebook.

  • Надгледување или следење на „секое движење“, вклучувајќи надгледување на интернет, преку социјалните мрежи, користење на GPS направи за следење, итн.

  • Психолошко малтретирање, на пример, кога лицето што е малтретирано се обвинува за однесувањето; кога на лицето што е малтретирано му се вели дека има проблеми со душевното здравје или психички нарушувања; искористување или намерно искривување на реалноста; поместување на лични предмети или на мебел а потоа одрекување дека тоа било направено; и одрекување дека имало малтретирано однесување.

  • Финансиско малтретирање, на пример, недавање на пари неопходни за животните трошоци или пари за „одржување на домаќинството“; спречување на некое лице да работи; искористување на системот за издршка на деца; принудување на некое лице преку заплашување да потпише правни и финансиски документи со кои тоа лице влегува во долг; вршење притисок врз некое лице за да се земат пари од него.

  • Спречување на некое лице да ги врши своите духовни или верски обреди, или присилување на некое лице да прифати вера или духовност што не е негова.

  • Повредување или заканување дека ќе бидат повредени блиски и драги лица, вклучувајќи деца.

  • Повредување или заканување дека ќе бидат повредени животни миленици.

  • Правно малтретирање, на пример, искористување на системот на семејно право за да се заплаши, исцрпи, искористи или потчини некое лице.

Насилниците може да вршат контрола на начини што се различни и специфични за секоја поединечна врска. Во некои врски, неснабдувањето со потребните лекови е начин на кој се врши контрола. Искористувачките начини на однесување, како што се заканувањето со самоубиство или со самоповредување кога некој се обидува да ја прекине врската исто така претставуваат начин на вршење контрола. Во ситуација во која некоја жена со онеспособеност е зависна од туѓа помош или нега, недавањето на таа нега или искористувањето на негата на начин со кој се воспоставува контрола претставува неприфатливо користење на надмоќноста. Спречувањето во извршувањето на мајчинските должности, на пример, кога се спречува смирувањето или доењето на новороденче, е еден вид на домашно и семејно насилство.

Кај жените постои поголема веројатност дека ќе искусат домашно и семејно насилство

Статистиката покажува дека постои најголема веројатност домашно и семејно насилство да извршат мажи над жени.

Некои групи на жени се во поголема опасност да искусат домашно и семејно насилство:

  • Бремени жени.

  • Жени што живеат раздвоено од мажот.

  • Жени со посебни потреби

  • Жени што се по потекло Абориџинки или од островите Торес Стреит.

Неколку факти за домашното и семејното насилство

  • Кај жените постои поголема веројатност дека ќе искусат насилство што ќе го изврши партнерот или бившиот партнер .

  • Насилниците може да бидат пријатни луѓе што уживаат почит во својата заедница; или пак себеси да се прикажуваат како жртви. Луѓето што живеат со домашно и семејно насилство често велат дека живеат со „човек со две лица“ или со човек што е „надвор ангел, а дома ѓавол“.

  • Насилниците често ќе одрекуваат дека вршат насилство или ќе ја обвинуваат личноста над која го вршат насилството. Тие чувствуваат дека имаат право и дека е оправдано да се однесуваат насилнички.

  • Децата што живеат со домашно и семејно насилство се засегнати од него дури и кога не можат да го видат или чујат насилството. Тоа се случува поради стравот и нарушувањето на домашниот живот што го искусуваат нивните негуватели. Психата на децата претрпува повреди од домашното и семејното насилство.

  • Хомосексуалците, лезбејките, лицата со неопределена сексуалност и лицата со двојни полови одлики исто така може да имаат врски во кои владее насилство и малтретирање.

Други видови на насилство во домот

Ниеден вид на насилство не е прифатлив. Покрај домашното и семејното насилство, во семејствата и во врските се случуваат и други видови на насилство. Тие не мора да бидат поврзани со начини на однесување со кои се воспоставуваат надмоќност и контрола, ама се штетни за поединците и за семејствата, како и за слогата во заедницата.

Насилство може да се случи во секоја врска. Тоа ги вклучува и насилството на жени врз мажи, насилството насочено спрема постари луѓе или луѓе со посебни потреби, и насилството на деца тинејџери спрема родителите.

Луѓето што искусуваат други видови на насилство или малтретирање во својот дом може да бидат навредени, повредени или засрамени на сличен начин како луѓето што искусуваат домашно и семејно насилство.

Малтретирањето на дете исто така е еден вид на насилство во домот и во никој случај не е прифатлива. Ако сте младинец што е изложен на малтретирање, може да се јавите на телефонската линија за помош на деца Kids Helpline на 1800 55 1800, или да телефонирате во полиција на 000. Ако сте во непосредна опасност, телефонирајте во полиција на 000.

Ако ви се случува било кој од овие други видови на насилство во некоја ваша врска или во вашето семејство, информациите од ова место на интернет сепак ќе ви бидат корисни, а многу од службите наведени тука ќе можат да ви помогнат. Телефонската линија 1800RESPECT може да даде поддршка и информации за луѓето што живеат со секаков вид на малтретирање или насилство во домот. Јавете се на 1800 737 732. 

 

Во случај на непосредна опасност, телефонирајте на 000 за да побарате помош од полицијата. 

За да направите телефонски повик во итен случај преку машина за пишување по телефон (TTY) или преку Националната служба за поврзување (National Relay Service), погледнете на Calls to emergency services

 

Поддршка за жртвите/преживеаните

Како да му дадам поддршка на некој што искусува домашно и семејно насилство? Домашното и семејното насилство се честа појава – секоја трета жена искусува домашно или семејно насилство во текот на својот живот. Има некои практични работи што може да ги сторите за да помогнете.

 Поддршка за жртвите/преживеаните

 

Developed with: Domestic Violence Resource Centre Victoria